Достава
Доставуваме низ цела Северна Македонија. Цената за достава се пресметува автоматски во кошничката според вашиот поштенски број и ја гледате пред да ја потврдите нарачката.
Цени за достава
| Каде | Цена | Бесплатна достава |
|---|---|---|
| Тетово и околина (Тетово, Теарце, Јегуновце, Желино, Брвеница, Боговиње; поштенски броеви 1200–1228) | 100 ден | За нарачки над 6.000 ден |
| Останата Македонија | 200 ден | За нарачки над 6.000 ден |
| Големи апарати надвор од Тетово и околина | 1.000 ден | Не |
| Подигање во наша продавница во Тетово | Бесплатно | – |
Големи апарати се фрижидери, замрзнувачи, машини за перење и сушење, машини за садови, шпорети, клима уреди и телевизори над 50". На секој производ пишува точно колку чини доставата за него.
Подигање во продавница
При нарачката изберете „Подигање во продавница“. Кога нарачката ќе биде подготвена, ќе ве повикаме телефонски. Производот го подигнувате во работното време (понеделник–сабота, 08:00–18:00) и плаќате на лице место.
-
Продавница за подигање: ул. Видое Смилевски Бато 17/180, Тетово
Нарачките од веб-страницата се подигнуваат само во оваа продавница.
Рок за достава
По приемот на нарачката ве повикуваме за да ја потврдиме и да договориме термин.
-
Тетово и околина: истиот ден, најдоцна наредниот ден, со наше возило.
-
Останата Македонија: 2–4 работни дена, преку курирската служба Карго Експрес.
Доколку производот не е на залиха или доставата се доцни, ќе ве известиме предвремено. Во секој случај доставата се врши најдоцна во рок од 30 дена од нарачката, освен ако не се договориме поинаку. Ако не можеме да ја испорачаме нарачката, имате право да ја откажете без трошоци.
Достава на големи апарати
Големите апарати ги доставуваме до влезната врата на вашата адреса. Внесувањето, приклучувањето и монтажата не се вклучени во цената на доставата и се плаќаат посебно. Цената на монтажа на клима уред зависи од големината на уредот и ја договараме со вас однапред, пред да ја потврдите нарачката.
При прием на пратката
-
Пред да потпишете, проверете ја амбалажата во присуство на доставувачот.
-
Ако амбалажата е видливо оштетена, напишете го тоа на документот за прием или одбијте ја пратката и јавете ни се истиот ден.
-
Штета што ќе ја забележите по отворањето пријавете ја што побргу, со фотографии, на телефон или на info@ibrokom.com. Вашите законски права за несообразност остануваат во секој случај (видете „Гаранција и рекламации“).
Плаќање
Плаќате во готово при подигање или при достава, или со уплата на нашата жиро сметка пред испораката (видете „Услови за купување“). Сите цени се во денари со вклучен ДДВ.