Гаранција и рекламации

За секој производ купен кај нас имате две заштити: законска одговорност на трговецот за несообразност од 2 години и гаранција на производителот според гарантниот лист. Гаранцијата на производителот е дополнителна и не ги намалува вашите законски права.

Законска одговорност за несообразност (2 години)

Според Законот за заштита на потрошувачите, одговараме за секоја несообразност (дефект или отстапување од описот) што ќе се покаже во рок од 2 години од денот кога ја примивте стоката. Во тој случај имате право:

  1. да барате бесплатна поправка или замена на стоката;

  2. ако поправката или замената не се направи во разумен рок, не подолг од 30 дена, или со значителни непријатности за вас: да барате сразмерно намалување на цената или да го раскинете договорот и да ги добиете парите назад.

За време на овие 2 години рекламацијата ја поднесувате кај нас, не мора да одите сами во сервис.

Гаранција на производителот

Повеќето апарати доаѓаат со гарантен лист на производителот или на овластениот застапник. Во него се наведени рокот на гаранцијата, овластениот сервис и условите. Рокот е наведен и во описот на производот, кога го знаеме. По истекот на двете години, рекламациите по гаранција се поднесуваат до издавачот на гаранцијата; вие помагаме да го најдете сервисот.

Резервни делови и сервис се достапни најмалку 5 години од производството, а не помалку од 2 години од испораката до вас.

Како да поднесете рекламација

  1. Јавете ни се на 072 253 455, пишете на info@ibrokom.com или дојдете во продавница.

  2. Наведете го бројот на нарачката или фискалната сметка, опишете го проблемот и, ако можете, прикачете фотографија или видео.

  3. Потврдуваме дека ја примивме рекламацијата и ви одговараме најдоцна во рок од 7 дена.

  4. Малите апарати ги носите во продавница. За големи апарати организираме преглед од овластен сервис на вашата адреса или преземање. Во рамките на законската одговорност ова е бесплатно за вас.

Чувајте ја фискалната сметка и гарантниот лист додека трае гаранцијата. Ако ја изгубите сметката, јавете ни се: нарачката ја имаме зачувана.

Што не покрива гаранцијата

  • оштетувања од паѓање, удар, вода или неправилна употреба спротивно упатството;

  • оштетувања од напон во струјната мрежа или несоодветна инсталација;

  • поправки или преправки од неовластено лице;

  • вообичаено абеење и потрошни делови (филтри, кеси, сиљалки, батерии), освен ако се дефектни при испорака.

Овие исклучоци не ги ограничуваат вашите законски права за несообразност што постоела уште при предавањето.