Враќање и откажување

Имате право да се повлечете од купувањето во рок од 14 дена, без да наведете причина (член 127 од Законот за заштита на потрошувачите, „Службен весник на РСМ“ бр. 236/22). Ова важи за нарачки преку веб-страницата и по телефон.

Рок

Рокот е 14 дена од денот кога вие (или лице кое вие го одредите) ја примите стоката. Ако нарачката стигнува во повеќе пратки, рокот тече од приемот на последната. Доволно е изјавата да ја испратите пред истекот на рокот.

Како да се повлечете

Испратете ни јасна изјава дека се повлекувате:

  • на е-пошта: info@ibrokom.com;

  • по пошта: ИБРО-КОМЕРЦ ДООЕЛ, ул. Никола Тесла 13-а, 1200 Тетово;

  • лично во некоја од нашите продавници.

Може да го користите образецот подолу, но не е задолжителен. Веднаш ќе ви потврдиме дека сме ја примиле изјавата. За договор за враќање на стоката јавете се на 072 253 455.

Враќање на стоката

Стоката ја враќате без одлагање, најдоцна 14 дена од денот кога не известивте дека се повлекувате. Рокот е испотитен ако ја испратите или донесете пред истекот на 14-те дена.

  • Во продавница: може да ја донесете сами, бесплатно, во нашата продавница на ул. Видое Смилевски Бато 17/180, Тетово.

  • Преземање од дома: директниот трошок за враќање е на ваша сметка и изнесува 200 ден во Тетово и околина, односно 1.000 ден во останата Македонија. Износот се одзема од парите што ви ги враќаме.

Стоката ја враќате со сите делови, прибор и упатства, по можност во оригиналната амбалажа.

Враќање на парите

  • Ви ги враќаме сите уплати, вклучувајќи ја и стандардната достава, без одлагање и најдоцна во рок од 14 дена од денот кога не известивте.

  • Може да го задржиме враќањето додека не ја примиме стоката или доказ дека сте ја испратиле, зависно од тоа што ќе се случи порано.

  • Парите ги враќаме во готово во продавница или на ваша банкарска сметка, како што ќе изберете, без никакви трошоци за вас.

  • Ако сте избрале поскап начин на достава од најевтиниот стандарден, разликата не се враќа.

Намалена вредност

Производот може да го разгледате и испробате само колку што е потребно за да се уверите во неговите карактеристики, како што би го пробале во продавница. Ако производот бил користен повеќе од тоа (валкан, изгребан, со траги од користење, монтиран или без делови), одговарате за намалената вредност и износот што ви го враќаме се намалува сразмерно, се до полната вредност ако производот повеќе не може да се продаде. Затоа ве молиме производот да не го користите додека одлучувате дали ќе го задржите.

Кога не може да се повлечете

  • запечатени производи што не се погодни за враќање од хигиенски причини, ако се отпечатени по испораката (на пример апарати за бричење, епилатори, електрични четки за заби);

  • стоки изработени или нарачани по ваша посебна спецификација;

  • услуги (на пример монтажа) целосно извршени со ваша изречна согласност.

Повлекувањето не важи за купување во самата продавница. За неисправен производ секогаш важат правата од „Гаранција и рекламации“.

Образец за повлекување од договор

(пополнете го и испратете го само ако сакате да се повлечете од договорот)

До: ИБРО-КОМЕРЦ ДООЕЛ Тетово, ул. Никола Тесла 13-а, 1200 Тетово, info@ibrokom.com

Со ова известувам дека се повлекувам од договорот за продажба на следниве стоки:

  • Производ(и): …………………………

  • Број на нарачка: ………………

  • Нарачано на: ……………… / Примено на: ………………

  • Име и презиме: …………………………

  • Адреса: …………………………

  • Телефон: ………………

  • Враќање на парите: во готово во продавница / на сметка бр. ……………… во банка …………

  • Датум: ………………

  • Потпис (само ако се испраќа на хартија): ………………